Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион за подобра видливост и пристап

Код на проектот:CB006.1.21.183
Покана:CB006.1
Приоритет:2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:215312.40 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:06.06.2017
Датум на завршување на проектот:06.06.2019
Поле на интервенција:094 Заштита, развој и промоција на јавни вредности од културата и историското наследство
Резиме на проектот:

Активности по проектот
Проектот имаше за цел да воспостави одржлива соработка помеѓу Општина Гевгелија и Агенцијата за економски развој на Банско, заснована врз имплементација на иницијативи од областа на туризмот поврзани со подобро зачувување и одржливо користење на богатото природно и културно наследство во прекуграничниот регион. Активностите придонесоа за подобрување на економската соработка, подобрување на знаењето и искуството во развој и спроведување на заеднички проекти и подигнување на јавната свест за придобивките од прекуграничните иницијативи. Проектот ја стимулираше конвергенцијата на сите делови од населението и изгради мрежи за деловна соработка, размена на искуство и заеднички активности од областа на туризмот, културата и екологијата и овозможи развој на целогодишен туризам во прекуграничниот регион.
Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности:

- Изградба на туристичка локација „Динкут“ - место за спорт, рекреација и забава;  
- Развој и поддршка на веб-страница на проектот и профил на проектот на Фејсбук;
- Истражување и анализа на природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија - Банско;
- Развој и поддршка на бесплатна мобилна апликација за природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија - Банско;
- Креирање албум со фотографии од природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија - Банско.

Резултати од проектот
Изграден е туристички комплекс „Динкут“ во Гевгелија, кој опфаќа разновидни објекти и атракции за деца и возрасни, како и еднаков пристап за лицата со посебни потреби преку развој на објекти за пристап до и во самата туристичката локација. Проектот обезбеди развој на целогодишниот туризам во прекуграничниот регион, ја стимулираше кохезијата на сите групи на население и изгради мрежи за деловна соработка, размена на искуство и заеднички активности од областа на туризмот, културата и екологијата. Комплексот им понуди на локалното население и туристите широк спектар на објекти за спорт, релаксација и забава за подобрување на туристичкиот потенцијал во регионот и квалитетот на животот и социо-економскиот статус на локалното население. Имплементацијата на проектот вклучи и развој на студија и анализа на природното и културното наследство во прекуграничниот регион Гевгелија - Банско; создавање основен документ за развој на мобилни апликации; развој на веб-страница, мобилна апликација за туристички информации и обезбедување информации на Фејсбук во областа на зачувување на материјалното и нематеријалното природно, историско и културно наследство и ресурси во прекуграничниот регион Гевгелија - Банско. Проектот создаде услови за развој на регионална комуникациска мрежа заснована врз иновативна мобилна апликација Андроид и iOS, подигната на Google Play и App Store за бесплатно преземање.

 

Партнери

Водечки партнер
Општина Гевгелија
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Агенција за економски развој Банско
Благоевград