Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш

Код на проектот:CB006.2.12.062
Покана:CB006.2
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:591570.14 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.07.2021
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

Целта на проектот е подобрување на локалното одржливо управување поврзана со заштита на животната средина од аспект на спречување и ублажување на последиците од природните катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот  со прекугранична димензија и влијание, на територијата на партнерските општини Сандански и Југоисточниот плански регион, преку широка јавна свест, со акцент на младите луѓе, последиците од климатските промени и ризиците како што се ерозија, поплави, бури и суши итн., размена на најдобри практики, искуство и знаење во имплементација на различни мерки за ублажување.
Главните активности на проектот вклучуваат спроведување на комуникациски план за информирање на локалните заедници, преку изготвување и популаризација на Водич "Собирање на добри практики за борба со последиците од климатските промени во заедниците", спроведување на семинар за климатските промени и "зелени" активности и тркалезни маси - дискусии за ублажување на климатските промени, размена на најдобри практики за справување со проблемите. Проектот вклучува и инфраструктурни мерки поврзани со значителното намалување на ризиците од поплави во општините Сандански и Радовиш, преку зајакнување на бреговите и коритата на река  Сандански Бистрица во с. Лилјаново и река  Сушица во Радовиш, во идентификуваните проблематичните области.
Од резултатите од проектот ќе имаат корист администрациите на општина Сандански и општина Радовиш, образовни институции од двете општини, НВО-а кои работат во областа на заштитата на животната средина и спречување на природни катастрофи, а пак од реализацијата на инфраструктурните мерки ќе има корист директно локалното население на селото Лилјаново (233 лица), Сандански (28.058 лица) и Радовиш (16.223 лица).

 

Проектот заврши успешно на 12.07.2021 год.

Партнери

Водечки партнер
Општина Сандански, Благоевград
Благоевград
Партнер на проектот 2
Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Jугоисточен регион