Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион Македонија - Бугарија

Код на проектот:CB006.1.31.146
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:97424.43 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:066 Напредни услуги за поддршка на МСП и групи на МСП (вклучувајќи услуги за управување, маркетинг и проектирање)
Резиме на проектот:

Главна цел на проектот е да се подобри имиџот на секторот за текстилна индустрија и да се зголеми конкурентноста на локалните производители, со што ќе се создадат предуслови за одржлив развој во прекуграничниот регион.  Проектот ќе влијае врз локалните заедници во поглед на перцепцијата и подобрување на индуструскиот имиџ преку подигањена свеста за употреба на регионалните брендови и продукти. Проектот ќе се обиде да изгради силни партнерства и да развие високо квалитетни синџири на достава, врз основа на доверба и заедничко разбирање. Дополнителен бенефит од проектот ќе биде придонесот кон економскиот развој преку зголемување на конкурентноста на фирмите на меѓународните пазари, што ќе придодаде вредност на нивните производи. 
Активности кои ќе се реализираат во текот на имплементацијата на проектот се: создавање на визија на регионот; развивање на стратегија за регионално позиционирање; развој на регионот како бренд; да се вклучат локалната самоуправа, бизнис секторот и заедницата во зајакнувањето  на индустријата; Разбирање на регионот како бренд; и приближувње кон меѓународните целни пазари. 
Работни средби и работилници ќе бидат организирани со цел да се дефинира визијата на текстилната индустрија во регионот, за развивање на стратегијата за позиционирање и план за комуникација, со учество на локалните власти, бизнисите и заедницата од регионот во економското зајакнување на регионот и неговата конкурентност. Со користење на пристапот на услугата дизајнирање, со проектот ќе се направи соодветно планирање, организирање на компаниите и развивање на добри комуникациски компоненти помеѓу засегнатите страни од снабдувачкиот синџир кои ќе го подобрат својот имиџ, ќе го нагласат квалитетот на производите, како и интеракцијата помеѓу производствените компании и заедницата.
Преку активностите на проектот, ќе се интензивира прекуграничната соработка помеѓу бизнис секторот, локалните владини институции и заедници и ќе се соберат на обединет фронт за да разговараат за заедничките прашања од секторот на текстилна и конфекциска индустрија, ќе одговорат на предизвиците кои треба да се надминат, со цел да се зголеми конкурентноста на секторот во прекуграничниот регион. Визијата за регионот, стратегијата на позиционирање, како и активностите кои имаат за цел подобрување на имиџот на индустријата и доближување до европските компании, како и стекнувањето доверба помеѓу партнерите може лесно да бидат пренесени и од другите региони. Проектните активности, изработените документи и стекнатите  добри практики,како и подигнатата свест на компаниите за принципите на работење и понатаму ќе вклучуваат компании од овој сектор. Воспоставените контакти меѓу компаниите од двете земји, како дел од различни синџири на снабдување, ќе им овозможат да ги подобрат своите знаења и размената на искуства и знаење во развојот на свој производ (бренд) и да се позиционираат како сигурни партнери. Документот кој ќе биде изработен, ќе опфати долгорочни активности и ќе обезбеди насоки како да се делуваат компаниите на пазарот во иднина, со цел да се зајакне нивната позиција.

 

Веб-страница на проектот:

http://www.botoyb.org/Building international competitiveness of the textile companies in the cross border region MK-BG

Партнери

Водечки партнер
Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер
Источен регион
Партнер на проектот 2
Сдружение Браншова организация за текстил и облекло (БОТО)
Ќустендил