FEMTERPRISE – Поттикнување на создавање на општествени претпријатија, преку зајакнување на претприемнички потенцијал на млади жени

Код на проектот:CB006.1.31.083
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:110217.35 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:073 Поддршка на социјални претпријатија (МСП)
Резиме на проектот:

Целта на FEMTERPRISE е да се подобрат условите за развој на бизнисот во прекуграничната област со примена на иновативни неформален пристап за зајакнување на претприемачкиот капацитет на жените претприемачи на возраст од 18-29 и поттикнување на создавањето на социјални претпријатија.
FEMTERPRISE ќе направи истражување и идентификација на потенцијални жени претприемачи, ментори, инвеститори и деловни можности во прекуграничната област,ќе подржи 30 млади жени за успешно да основаат свои претпријатија и ќе обезбеди иновативни, одржливи решенија за социјалните и еколошките прашања во прекуграничниот регион со изградба на деловни, финансиски и лидерски капацитети, развивање на тријазична FEMTERPRISE онлајн платформа, промовирање на претприемничка култура во регионот со користење на ИКТ, со импакт врз најмалку 3000 претставници на целните групи и основање на прекугранична FEMTERPRISE мрежа на жените претприемачи.
Проектот предвидува повеќе заеднички онлајн и офлајн интервенции за подигање на свеста и промоција, како и ИКТ соработка за размена на нови идеи и поттикнување на создавање на нови социјални претпријатија во регионот.
FEMTERPRISE ќе придонесе за подобрување на конкурентноста на регионалните бизниси преку: 1) воспоставување на одржлива прекугранична FEMTERPRISE мрежа на жени претприемачи; 2) зајакнување на претприемачките капацитети и создавање на можности за професионална и социјална реализација на младите жени претприемачи; 3) развој на иновативна, одржлива и онлајн алатка за градење на капацитети, менторство и вмрежување помеѓу жените претприемачи, менторите, клиентите и потенцијалните инвеститори од прекуграничниот регион; 4) стимулирање за основање на социјални претпријатија во регионот раководени од жени; 5) промовирање на претприемничка култура и социјално претприемништво. 

 

Веб-страница на проектот:

www.femterprise.com/

 

 

Facebook страница:

www.facebook.com/femterprise

Партнери

Водечки партнер
Асоцијација на жени претприемачи Уникум - Кос - Куманово
Североисточен регион
Партнер на проектот 2
Асоцијација Вива Пауталиа
Ќустендил