Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)
Почеток > Заврши Информативната кампања по вториот повик за проектни предлози
Заврши Информативната кампања по вториот повик за проектни предлози
27.02.2018
Успешно заврши Информативната кампања со информативни денови за потенцијални кандидати по вториот повик за проектни предлози на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија. Целта на спроведените обуки беше да се разјаснат на потенцијалните кандидати основните барања за развој на проектен предлог и да им бидат дадени практични совети за подготовка на сите документи за апликација, вклучувајки го и буџетот.
Информативните денови за потенцијални кандидати беа резлизирани на следните дати и места:
на 14-ти февруари 2018 год. во Ќустендил;
на 15-ти февруари 2018 год. во Благоевград;
на 20-ти февруари 2018 год. во Струмица;
на 21-ви февруари 2018 год. во Штип;
на 22-ри февруари 2018 год. во Куманово.
Обуките беа организирани и спроведени од Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот Орган на Програмата - Дирекцијата "Управување на територијалната соработка", Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
На Информативните денови присуствуваа над 400 учесници, меѓу кои претставници на регионални администрации, општини, НВО, културни и образовни институции.