Регионални консултации за подготовка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020
Подготовката на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014 - 2020 влезе во нејзината суштинска фаза, каде што ставовите на заинтересираните страни кои се однесуваат на специфични прекугранични потреби и перспективи ќе придонесат за тематска концентрација на новата програма.
За таа цел ќе се одржат пет регионални консултативни форуми помеѓу 26 февруари и 7 март 2014 година. Средбите ќе биде во форма на пленарни дискусии во секој регион на прекуграничната област со цел:
- Да се информираат регионалните заинтересирани страни во сите 5 региони на програма за тековниот процесот на програмирање за ИПА II прекуграничната програма и за наодите на надворешните експерти од регионалната анализа и идентификуваните потреби;
- Да се презентираат и дискутираат можните приоритизирања на тематските приоритети на идната прекугранична програма;
- Да се дискутираат потенцијалните активности кои можат да бидат релевантни за надминување на утврдените потреби и предизвици во соодветните тематски приоритетни области.
Состојбата и SWOT / анализите на потребите ќе бидат елаборирани од страна на експертите на Конзорциумот за Проектно Планирање и Управување ангажирани по договор за услуги за подготовка на идната IPA II прекугранична програма, проект со идентификациски број: EuropeAid/133413/D/SER/Multi - Lot 2. Резултатите од анализите, како и предложените тематски приоритети ќе бидат презентирани од страна на експертите за планирање.
Со оглед на истакнатото, претставниците од општините, регионалната и националната администрација, регионални невладини организации , универзитети, училишта, информативните центри, социо-економски партнери и сл. се поканети да учествуваат во следниве настани:
Датум и време |
Место: |
Адреса: |
26 февруари 2014
(10:30)
|
Струмица |
Хотел Сириус,
Струмица
|
27 февруари 2014
(10:30)
|
Штип |
Хотел Оаза,
Штип
|
28 февруари 2014
(10:30)
|
Куманово |
Ресторан НА-МА, плоштад М.Тито бр.10
шопинг центар НА-МА , Куманово
|
6 март 2014
(13.30)
|
Ќустендил |
Заеднички Технички Секретаријат
ул. Марин Дринов бр.7, Ќустендил
|
7 март 2014
(9:30)
|
Благоевград |
Хотел Езерец,
бул. Пејо Јаворов бр.2, Благоевград |
Формуларите за регистрација треба да се испратат на следната e-mail адреса:office@ppmanagement.eu или на факс : +359 2 953 35 67, најдоцна до 24 февруари 2014.
Програма
Формулар за регистрација
Писмо за поддршка
Презентација
|