Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006
Published on Interreg - IPA програма за прекугранична соработка CCI2014TC16I5CB006 (http://www.ipa-cbc-007.eu)

Почеток > Инфо денови - најава!

Инфо денови - најава!

23.05.2023

 

Оперативната единица на Територијална стратегија на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027 објавува 2 настани - Инфо дена, со цел да го промовира првиот повик за аплицирање со проектни концепти.

 

Целта на повикот е да се идентификуваат проектни идеи кои би придонеле за развој на конкурентен туризам во прекуграничниот регион. Апликантите на избрани проектни идеи ќе бидат поканети да поднесат целосни предлози за проекти и да се финансираат според Програмскиот приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“.

Овие настани се дизајнирани да ги здружат Оперативната единица и потенцијалните апликанти и да ги претстават главните правила на првиот повик за аплицирање со концепт белешки.

Инфо деновите се бесплатни за пристап, но претходна регистрација е задолжителна за секое лице кое сака да присуствува на некој од настаните. Нема ограничувања во однос на бројот на присутни по институција, но Ве молиме да го ограничите на максимум. 2-3 лица по институција, поради и онака огромниот интерес на заинтересираните. Настанот закажан во Бугарија ќе се спроведува на бугарски, а настанот во Северна Македонија на македонски јазик. Содржината на презентациите ќе биде иста во сите закажани Инфо денови!

 

Деталната агенда ќе биде достапна наскоро. Настаните се закажани на овие локации:

30 мај 2023 @ 11:00 EET - Благоевград, Бугарија – Сала „22 Септември“, плоштад Георги Измирлиев – Македонче 1, 2700 Благоевград

01 јуни 2023 @ 11:00 CET - Кочани, Северна Македонија – Мултикултурен центар Кочани, 2300 Кочани  (GPS локација: 41.919631340460086, 22.40987044402732   /    MKC, WC95+RXC, Kočani)

 

Вашата задолжителна регистрација: https://forms.gle/AKAKK5L6wQWhGER79 [1]

Site Image

Веб страната е кофинансирана од ЕУ преку Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ - ИПА Бугарија-Македонија.
Оваа публикација е создадена со помош на Европската унија. За содржината на публикацијата целосно е одговорно Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и на никаков начин не може да се смета дека содржината ги одразува ставовите на Европската унија.


Source URL: http://www.ipa-cbc-007.eu/mk/integrated-territorial-stategy-news/info-denovi-najava

Links
[1] https://forms.gle/AKAKK5L6wQWhGER79