Почитувани,
Во тек е извршување на ревизија на успешност од страна на Државниот завод за ревизија на тема ,, Програма Интерег-ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија – Република Бугарија( 2014 -2020). Од страна на Државен завод за ревизија изготвена е Анкета-Прашалник со цел да добиеме информации и сознание за евентуални проблеми и пречки со кои се соочувате при аплицирање и имплементирање на евентуалните проекти субвенционирани од страна на Програмата.