Четврт состанок на Заедничкиот комитет за следење

31.05.2017

Четвртиот состанок на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија - Македонија 2014-2020 се одржа на 30 мај 2017 година, во Берово, во просториите на Бизнис инкубатор - Берово, реконструиран со финансиска поддршка на нашата Програма во рамки на претходниот програмски период по проектот  "Бизнис инкубатор - економски развој и видливост на пограничниот регион".

Настанот беше претседаван од г-ѓа Нита Крлиу Хајрулаи, Раководител на одделот  Европска унија  во Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и ко-претседаван од г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија. Официјални гости на настанот беа Рајко Жељазков, советник во Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија и г-дин Драги Наџински, градоначалник на општина Берово.

Членовите на ЗКС беа информирани за напредокот во спроведувањето на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија - Македонија 2014-2020 и моменталната состојба на процесот на завршување на програмскиот период 2007-2013 година Учесниците имаа можност да дискутираат за концептот, клучните елементи и временскиот распоред на Втората покана за предлог проекти, планирана да започне во текот на оваа година.

Членовите на ЗКС го прегледаа и одобрија Годишниот извештај за напредокот за 2016 година на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија - Македонија 2014-2020.

Одобрениот Годишен извештај за 2016 година ќе биде доставен до Европската комисија за конечно одобрување и ќе биде објавен на официјалната интернет страница на Програмата.

 

 

Facebook icon
Twitter icon