Сигнали за неправилности
Секое лице има право да поднесе сигнал за неправилности и измами, настанати во врска со спроведувањето на проекти и програми финансирани од фондовите на Европската унија. Дефиницијата за неправилности и измами можете да најдете ТУКА.
Во извршување на Уредба № 18 на Министерскиот совет од 4.02.2003 година за создавање на Совет за координација за борбата против прекршоци кои влијаат на финансиските интереси на Европската заедница, Дирекција "Управување на територијалната соработка" ги дефинира службениците одговорни за борба со измами и неправилности.
Овие службеници ќе ги разгледаат сите сигнализа нерегуларности доставени од Вас и во случај да се потврди нивната веродостојност, ќе бидат превземени потребните мерки и ќе биде отворена постапката за констатирање, регистрација и известување на неправилноста.
Важно:
Сигналите за нерегуларности можат да се поднесат и анонимно. За да претставува сигнал за нерегуларност, информацијата која сакате да ја испратите треба да содржи најмалку јасна референца за конкретниот проект и опис на нерегуларноста.
При поднесување на сигналот опишете ги што е можно подетално забележаните нерегуларности. Поднесените сигнали ќе се проверуваат само ако се поврзани со спроведување на проекти финансирани со Програмата за прекугранична соработка Интерег-ИПА Бугарија-Македонија, во која Дирекција "Управување на територијалната соработка" ја исполнува функцијата на Управувачки орган. Во случај да сакате да поднесете сигнал за нерегуларност по друга програма по која Дирекција "Управување на територијалната соработка" ја исполнува функцијата на Управувачки орган, Национален орган, Национален одговорен орган и Национално единица за контакт, контактирајте со службеникот за неправилности за да ви даде насоки за тоа како и каде да го направите давањето на сигнал за нерегуларност.