Шеста седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020

18.01.2019

На 17 јануари 2019 во Берово се одржа Шестата седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Седницата беше претседавана од страна на Мјелма Мехмети - Петерсен, Министерство за локална самоуправа на Република Македонија и ко-претседавана од Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

За време на средбата беше презентиран напредокот во исполнувањето на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020, како и резултатите од евалуацијата по Втората покана за предлог проекти на Програмата. Членовите на Заедничкиот комитет за следење ја одобрија листата на предлог-проекти за финансирање во рамките на вториот повик за проектни предлози.

Од 162 добиени проекти, 121 ја поминаа оценката на административната усогласеност и проценката на подобноста. Врз основа на резултатите од рангирањето, предложени за финансирање се вкупно 17 предлог проекти во вкупен износ од 5 500 824,84 евра, кои се финансираат на следниов начин:

По Приоритетна оска 1 - Животна средина беа предложени 6 предлог проекти со вкупен износ за финансирање 2 305 174,41 евра ;
По Приоритетна оска 2 - Туризам беа предложени 8 предлог проекти со вкупен износ за финансирање 2 837 226,43 евра ;
По Приоритетна оска 3 - Конкурентност беа предложени 3 предлог проекти со вкупен износ од 358.424,00 евра.

Листата на предлог проекти одобрена за финансирање од страна на Заедничкиот комитет за следење може да се најде ТУКА.

Сите кандидати ќе бидат информирани за резултатите од оценката и добиените бодови со официјални писма.

84 предлог проекти се вклучени во резервната листа подредени според добиените бодови за време на техничката оценка и оценка на квалитетот.

Беше разгледан и одобрен мандатот на Управувачкиот орган за претходно договарање со одобрените предлог проекти. На почетокот на 2019 година, ќе бидат спроведени постапки на претходно договарање, кои вклучуваат: проверки на лице место за инвестициските проекти, проверка за присуство на двојно финансирање, проверка за присуство на државна помош за бугарските партнери, оптимизација на буџетот и подготовка на договорите за финансирање.

По завршувањето на седницата, членовите на Заедничкиот комитет за следење го посетија објектот на системот за водоснабдување во општина Берово во близина на Беровското езеро, кој е изграден по проект "Изградба на инфраструктура за одржлив развој на туризмот", Реф. Бр. CB006.1.21.207.

Facebook icon
Twitter icon