Официјална церемонија за врачување на договори по вториот повик за предлог проекти

07.07.2019

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија ќе се одржи на 12 јули 2019 година во 14:30 часот во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија. Договорите ќе бидат врачени од страна на министерот за регионален развој и јавни работи  - г-ѓа Петја Аврамова, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија - г-дин Горан Милевска и заменик-министерот за регионален развој и јавни работи - г-ѓа Деница Николова.

Facebook icon
Twitter icon