Примена на мерки за заштита од поплави во општините Конче и Струмјани

Код на проектот:CB006.2.12.142
Покана:CB006.2
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:399961.12 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.07.2021
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

Заедничкиот предизвик за проектните партнери е поврзан со сериозни поплави на нивните територии. Во општина Конче, реката Дединска излегува од речното корито во случај на силни бури придружени со силен дожд, ветер и повремено град и грмотевици. Исто така, Цапаревска река поради силните дождови и нивото на водата на реката и формираните острови, десниот брег на реката се излева и негативно влијае на ѕидот на главниот пат Е-79. Ова предизвикува опасност од поплавување на станбени објекти и имоти долж реката во регулирањето на населбата. Цапаревска река претставува сериозна закана и нејзината состојба е слична на ситуацијата со која Конче се соочува со реката Дединска. Избраната стратегија е поврзана со најсоодветните пристапи за управување со ризикот од поплави достапни во конкретните ситуации.
Следните резултати беа постигнати како резултат на проектот: 1 интервенција за подобрување на управувањето со катастрофи и спречување на ризици (Регулација на реката Дединска во Конче), 1 интервенција за адаптација и ублажување на последиците од климатските промени (Зголемување на хидрауличката спроводливост на Цапаревска река со геоцели и зелени мерки); 1 заеднички механизам за управување со катастрофи и спречување на ризици и за промовирање на свеста за климатски промени (заеднички план); 8 институции вклучени во иницијатива (Заеднички семинар) во врска со превенција и управување со ризици - 6 општини и 2 регионални администрации; 84 учесници во обуки и кампањи во областа на превенција на ризик (кампања за подигнување на свеста и заеднички семинар); 8687 жители со бенефит од мерките за заштита од поплави (граѓани на општините Конче и Струмјани).

 

Проектот заврши успешно на  12.07.2021 год.

Партнери

Водечки партнер
Општина Конче, Југоисточен регион
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Општина Струмјани, Благоевград
Благоевград