Тендерска постапка за „Опрема за модулен систем за реакција во кризни ситуации во Петрич во рамките на проектот CB006.2.12.132“

12.06.2020

Тендерска постапка за „Опрема за модулен систем за реакција во кризни ситуации во Петрич во рамките на проектот CB006.2.12.132“

Референтен број:  CB006.2.12.132 – LP – Supply 1


Општина Петрич има намера да додели договор за набавка на „Опрема за модулен систем за реакција во кризни ситуации во Петрич во рамките на проектот CB006.2.12.132“ со финансиска помош од програмата Interreg - ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, Повик за предлoг проекти бр: 2014TC16I5CB006-2018-2. Тендерската документација е достапна во Општина Петрич, ул. „Цар Борис III“ бр.24, 2850, Петрич, Бугарија и е објавена на веб-страницата на договорниот орган http://petrich.bg и на официјалната веб-страница на програмата http : //www.ipa-cbc-007.eu/.

 

Крајниот рок за доставување на понудите е  16.07.2020, 17:00 (локално време).

 

Можни дополнителни информации или појаснувања / прашања ќе бидат објавени на веб-страницата на договорниот орган http://petrich.bg и на официјалната веб-страница на програмата http://www.ipa-cbc-007.eu/.

 

Тендерската документација е достапна ТУКА

 

Договорниот орган е орган надлежен за појаснување во врска со тендерската постапка.

Facebook icon
Twitter icon