Општи информации

28.01.2016

Interreg-ИПА прекуграничната програма CCI2014TC16I5CB006 е донесена на 5-ти август 2015 година од страна на Европската Комисијата со одлука № C (2015) 5653 и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е ставен врз заштитата на природното и културното наследство во регионот. Покрај тоа, финансирањето ќе помогне во зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија  и во олеснување на нивниот пристап до нови пазари.

Корина Крету, комесарот за регионална политика, рече: "Јас сум многу задоволен што се донесе оваа програма за соработка помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија. Прекуграничната програма зависи  од силната волја на засегнатите страни да ги здружат своите ресурси заедно за справување со заедничките предизвици. Преку соработка во животната средина, туризам и конкурентноста на млаите и средни претпријатија, регионот може да ја зголеми својата атрактивност за туристи и инвеститори. Им посакувам на двете земји успех во реализирањето на оваа соработка и им давам поддршка на проектите кои ќе бидат реализирани со заеднички сили. "

Интеррег-ИПА прекуграничната програма  опфаќа 2 погранични региони во Бугарија и 3 региони од  Република Македонија. Таа е со вредност од повеќе од 19 милиони € со учество од речиси 17 милиони € од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Некои од очекуваните резултати се::

  • Подобрен капацитет за заштита на животната средина и одржливо користење на заеднички природните ресурси, на пример, со инвестирање во зелена инфраструктура, како и во обука и градење на капацитети за јавните институции;
  • Подобрување на капацитетот за заедничка реакција во случај на пожари, поплави и други итни ситуации преку враќање на речните брегови, зонско и  регионално / локално планирање прилагодено на речните сливови и со спроведување на сеопфатни иницијативи за заштита од пожар;
  • Зголемување на атрактивноста на туризмот преку обновување на објекти од културно наследство и одржување на традиционални предели;
  • Зајакната соработка и вмрежување за одржлив развој на туризмот;
  • Подобрување на условите за развој на бизнисот: конкурентна локална економија базирана на  основа на регионални средства и со силни врски со меѓународните пазари преку зајакнување на капацитетите на образовниот систем ориентиран кон потребите на пазарот;
  • Зголемување на капацитетот на јавниот и приватниот сектор за развој на бизнисот преку промоција на претприемништвото и соработката за размена на нови идеи, вештини и технологии како и поттикнување на создавање на нови фирми.

Контекст​:

5-то NUTS III или еквивалентни области кои се вклучени во Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија  се:

  • Во Бугарија: областите Благоевград и Ќустендил.
  • Во Македонија Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

Програмата ќе се фокусира на следните три приоритети:

  1. Животната средина;
  2. Туризам;
  3. Конкурентност.

Вкупниот буџет на програмата за соработка: € 19 461 690

Вкупното учество на Европската Унија (ИПА - Инструмент за претпристапна помош): € 16 542 434.

Програмата е управувана од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Контакт: ул. Св. Кирил и Metоди бр. 17-19, Софија 1202, Бугарија http://www.mrrb.government.bg

Документот на Програмата може да го најдете ТУКА

Facebook icon
Twitter icon