Отворен повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027
Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021- 2027 објави на 07.06.2023 година Отворен повик за инвестициски проекти по Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (No 2021TC16IPCB006 – 2023-3).
Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување и зачувување на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително во урбаните средини и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да ги идентификува предлог проектите кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура во урбаните и периурбани области, чиишто широки ефекти ќе имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.
Вкупниот износ на повикот за инвестициски проекти е € 4 561 091.
Подобна програмска област е:
- За Република Бугарија (административно ниво NUTS III) – областите Ќустендил и Благоевград;
- За Република Северна Македонија (административно ниво еквивалентно на NUTS III) – Североисточен, Источен и Југоисточен плански регион.
Подобни кандидати на овој повик се:
- законски основани јавни организации (правни лица);
- НВО/непрофитни организации со регистрација од областа на екологијата, заштитата на животната средина и биодиверзитетот, образованието и други дејности, со регистрација најдоцна две години пред оваа покана;
- универзитети или други академски/образовни/обучни институции.
Сите кандидати мора да бидат регистрирани во подобната програмска област.
Комплетниот пакет за аплицирање е објавен на следните електронски страници:
Крајниот рок за поднесување предлог проектите преку Заедничкиот систем за електронско следење (Jems) е 15 септември 2023 година, 23:59 часот по локално време во Бугарија (ЕЕТ).
Информативна кампања за потенцијалните кандидати ќе се одржи на територијата на Бугарија и Северна Македонија. Датумите и локациите на информативните настани ќе бидат објавени на веб-страницата на Програмата (www.ipa-cbc-007.eu).
За дополнителни информации можете да се обратите на Заедничкиот секретаријат на Програмата на jtsipakyustendil@gmail.com :
- Главна канцеларија во Ќустендил тел. +359 (0)78 58 01 01;
- Подружница во Струмица тел. +389 34 330 331.