Изградба на систем за превенција и рано предупредување од поплави

Код на проектот:CB006.1.12.072
Покана:CB006.1
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):24
Вредност на договорот:382459.61 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.10.2018
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

Цел на проектот е постигнување на значително позитивно  влијание, одржлива промена и трајни подобрувања во подобниот прекуграничен регион, во однос на проценката на ризик од поплави, превенција, управување и ублажување на последиците од поплавите на територијата на Валандово и општина Кресна. 
Цели на проектот се: да се постигне интегриран мониторинг, евалуација и превенција од поплави во прекуграничниот регион, преку специјализирана опрема за мониторинг на водите; подобрување на подготвеноста за итни случаи и интервенција во случај на поплави, воведување на заеднички систем за управување со ризикот од поплави во двете општини; придонес  за развој на униформен прекуграничен концепт за проценка на ризик од хидро-метеоролошки феномени, развој на методологија за заедничка проценка на ризикот, градење на капацитети.
Ова ќе се постигне со набавка на специфична опрема за мониторинг на водите (набавка на две станици за мерење), во општина Валандово и општина Кресна, кои ќе бидат инсталирани на некои од идентификуваните опасни делови во сливовите на двете реки во двете општини, Валандово и Кресна. Опремата ќе биде поврзана со заеднички интегриран систем за мониторинг, кој ќе биде набавен и вграден во Валандово, но ќе се користи од страна на двете општини преку интернет конекција.
Ќе се изготват два детални работни проекти за ризични зони од поплави за речните корита во таргетираните прекугранични општини, вклучувајќи фотографирање, евалуација и анализа на моменталната ситуација.

Партнери

Водечки партнер
Општина Валандово
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Општина Кресна
Благоевград