Бугарско - македонска меѓугранична соработка за градење на капацитетите за конкурентност и иновативност

Код на проектот:CB006.1.31.158
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:109101.24 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:066 Напредни услуги за поддршка на МСП и групи на МСП (вклучувајќи услуги за управување, маркетинг и проектирање)
Резиме на проектот:

Главна цел на проектот е да се зголеми капацитетот за конкурентност и иновативност на локалните бизниси и администрација та во прекуграничниот регион на Северо-источна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил (9 општини).
Проектот ќе се реализира во неколку фази, почнувајќи од анализа на моменталната состојба во полето на конкурентност и иновации (C & I) на бизнисите, како и анализа на тековната поддршка (администрација, консултанти, невладини организации и други организации) за развој на C & I на компаниите. Тие анализи ќе ги дефинираат празнините во C & I, како  и потребите за обука во оваа област, а ќе се покажат и  најдобрите практики на компаниите / институциите кои имаат добро развиен систем за C & I. Ова е генералната основа за развој на програми и методологии за обука на консултанти и претставници од компании и администрација, со фокус на развивање на капацитетите на C & I.
Дополнителен придонес преку овој проект ќе биде директната поддршка од страна на 10 компании на кои ќе се врши детална анализа врз основа на веќе усвоена и одобрена европска методологија. Ова ќе се постигне преку идентификација на основните елементи за подобрување на нивната работа и процеси во смисла на зголемување на продуктивноста, извозот, развој на нови производи и услуги, како и нови начини на иновативни претприемачко однесување.
Резултатите од проектот ќе претставуваат научна основа за понатамошни препораки и дефинирани активности, преку признат европски методолошки пристап прилагоден на потребите на овие два прекугранични региони, со цел да се влијае на зајакнувањето на прекуграничната соработка.
Промената која ќе се постигне преку овој проект ќе влијае врз двата региони преку развој на капацитетот на институциите за поддршка на претприемништвото и иновациите со цел да се зголеми конкурентноста и иновативниот пристап на малите и средни претпријатија во двата региони.

 

Партнери

Водечки партнер
Македонска Академија на Науките и Уметностите (МАНУ)
Outside eligible area - MK
Партнер на проектот 2
Фондација за развој на мали и средни претпријатија - Куманово
Североисточен регион
Партнер на проектот 3
Бугарска Академија на Науките (БАН)
Outside eligible area - BG
Партнер на проектот 4
Стопанска и индустриска комора на Ќустендил
Ќустендил