Идентификација и мониторинг на контаминирани почви со користење на иновативна методологија (MCSoil)
Код на проектот: | CB006.2.11.021 |
Покана: | CB006.2 |
Приоритет: | 1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС |
Вид на проектот: | Soft |
Времетраење на проектот (во месеци): | 15 |
Вредност на договорот: | 114545.86 € |
Кофинансирање од ЕУ: | 85.00 % |
Датум на започнување на проектот: | 13.07.2019 |
Датум на завршување на проектот: | 12.10.2020 |
Поле на интервенција: | 085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура |
Резиме на проектот: | Проектот се справи со предизвиците на ерозијата на почвата и загадувањето на почвата со метали преку спроведување на пилот алатка заснована на иновативни геофизички методи за економично, чувствително и брзо оценување на квалитетот на почвата. Главната предност на оваа нова методологија е нејзината висока чувствителност и можност за интелигентна адаптација на методот според локацијата и проблемот. Исто така, овој метод е многу побрз и поевтин од традиционално користената хемиска анализа. Со реализација на проектот се постигнаа следните резултати : Спроведена детална проценка на специфичните потреби на регионот за мапирање на постојната и потенцијалната контаминација на почвата; Подобрена ефикасност во управувањето со ресурсите во однос на почвата и зголемени можности за флексибилен мониторинг на животната средина во програмсата област, базиран на предложениот иновативен пристап за еколошко испитување и следење на почвите; Зајакната институционална соработка меѓу невладините организации, академските организации и јавните власти (локални, регионални и национални) во прекуграничниот регион како заедничка платформа за ширење на знаења и зајакнување на капацитетите и вештините на институциите кои се занимаваат со скрининг на животната средина и мониторинг; Зголемена свест за состојбата со ресурсите на почвата во земјите-партнери постигнати преку проценка на специфичните потреби на регионот во однос на загадувањето на почвата и детално проучување на две "чувствителни" области од заедничкиот прекуграничен регион - два загадени индустриски региони (термоцентрала "Бобов дол" и регионот на Пробиштип-Злетово) и две природни заштитени зони "Чослево блато" и "Плоче" (локалитет Плоче-Литотелме).
Проектот беше успешно завршен на 12.10.2022 год.
Веб-страница на проектот:
Facebook страница: |
ПартнериВодечки партнер Кластер Обновливи извори на енергија, Благоевград, Благоевград Благоевград Партнер на проектот 2 Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Пехчево, Источен Регион Источен регион | |