Мисли за природата, културата и водата – биди европски турист

Код на проектот:CB006.1.21.171
Покана:CB006.1
Приоритет:2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:495476.58 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:092 Заштита, развој и промоција на општествени туристички вредности
Резиме на проектот:

Активности по проектот
Општата цел на проектот беше да се стимулира одржливиот развој на туризмот заснован на природното и културното наследство преку инвестиции од мал обем за подобрување на пристапноста до природното и културното наследство, како и активности поврзани со понатамошното градење на капацитетите и поддршката за развој на заедничката образовна програма за туризам.
Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности заеднички управувани од партнерите на проектот:

- Изградба на локален пат во Липково;  
- Изработка на туристичка мапа за Липково;
- Развој на реката Бистрица во туристичка атракција, вклучувајќи пешачка зона, велосипедска патека, простор за одмор со клупи и друга опрема, осветлување и подобрување на три моста покрај реката;
- Дизајн и производство на дигитална интерактивна туристичка мапа на регионот Сатовча што ги опфаќа атракциите и услугите во областа Чеча;
- Изработка на сувенири од проектот.

Резултати од проектот
Во Липково е изграден локален асфалтен пат  кон Липковско езеро во вкупна должина од 1,72 км и ширина 4 метри, а пристапот до локалитетите за природен туризам  во Сатовча, е надграден во должина од 1,1 км, или во вкупна должина на двата зафата од 2,8 км. Изработена е дигитална туристичка мапа за Липково, вклучувајќи ги сите релевантни природни и пејзажни-топографски карактеристики на областа Липковско езеро, населби, инфраструктура и други елементи и објекти важни за туристички цели. Презентирани се и други туристички места и атракции, како и елементи од сообраќајната и туристичка инфраструктура (патишта, патеки, бензински пумпи, паркинзи, сместувачки и угостителски објекти). Развиена е дигитална интерактивна туристичка мапа за Сатовча со кратки препораки за секоја од атракциите. Покрај тоа,  изработени се и сувенири: моливи, памучни кеси, УСБ, заедно со веб-страницата на проектот: www.water.satovcha.bg.

 

Веб-страница на проектот:

www.water.satovcha.bg

 

Партнери

Водечки партнер
Општина Липково
Североисточен регион
Партнер на проектот 2
Општина Сатовча
Благоевград
Партнер на проектот 3
Центар на заедницата Просвета 1937, Плетена
Благоевград