Младите лица - новите промотори на културниот идентитет на прекуграничниот регион

Код на проектот:CB006.2.23.055
Покана:CB006.2
Приоритет:2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:115916.52 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.10.2020
Поле на интервенција:094 Заштита, развој и промоција на јавни вредности од културата и историското наследство
Резиме на проектот:

Главната цел на проектот беше поттикнување на соработката во областа на одржливиот туризам, преку подобрување на информираноста на заинтересираните страни за заедничкото културно наследство и културните настани во прекуграничниот регион, заедничка промоција и валоризација на општото и уникатно културно наследство, подобрување на соработката меѓу регионалните институции од областа на културниот туризам, развој на иновативни алатки и мрежа за соработка за промоција и користење на заедничкото културно наследство на регионот.
Проектните активности опфаќаа спроведување на прекуграничен конкурс на тема "Сподели го културното наследство на твојот регион", креирање на младински кампови за културни промотори (Прво и Второ ниво), развој на заеднички календар на културните манифестации и настани во прекуграничниот регион, развој на иновативен онлајн софтвер, веб - портал и социјални мрежи за организирање и промовирање на културни манифестации и настани Креирање и популаризација на кратки видео презентации на културните и младинските организации од целниот прекуграничен регион, создавање на мрежа на млади културни промотори од прекуграничниот регион, дискусионен форум во Република Северна Македонија и Завршна конференција во Република Бугарија.
Основните групи кои  имаа полза од резултатите на проектот се културните и младинските организации, локалните власти, образовните институции, невладините организации во сферата на културата, туризмот и регионалниот развој и младите луѓе од целниот регион, со ефекти врз населението од област Благоевград  ( 14 општини) и населението на Југоисточниот плански регион (10 општини).

 

Проектот заврши успешно на 12.10.2020год.

 

Веб-страница на проектот:

https://youngpromoters.eu/

 

Facebook страница:

https://www.facebook.com/youngpromoters.eu

Партнери

Водечки партнер
Туристички Сојуз - Струмица, Југоисточен регион
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Здружение Бизнис Информативен и Консалтинг Центар - Сандански, Благоевград
Благоевград