Младите луѓе од Бугарија и Македонија заедно за туризам како здравствена заштита

Код на проектот:CB006.2.23.116
Покана:CB006.2
Приоритет:2.3. Поттикнување на соработката помеѓу партиципиентите од регионот во сферата на одржливиот туризам
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:118672.88 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:16.08.2019
Датум на завршување на проектот:15.11.2020
Поле на интервенција:092 Заштита, развој и промоција на општествени туристички вредности
Резиме на проектот:

Проектот е наменет за здравствен маркетинг, велнес и спортски туризам во регионот и меѓу младите луѓе во градовите Благоевград и Крива Паланка, нудејки на децата  и децата со посебни физички потреби да користат различни здравствени, велнес и спортски објекти. Оваа се постигна преку неколку активности. Со спроведување на студија за постојните туристички локалитети создавајќи предуслови за популаризација на можностите за туристичка размена меѓу младите луѓе. Оваа се постигна со истражување, категоризација и евалуација на достапните туристички ресурси кои ќе им помогнат на засегнатите страни подобро да го разберат потенцијалот на објектите за привлекување посетители, помагајќи им на регионалните актери да креираат атрактивни програми и насоки за туристите во иднина. Потенцирајки го истовремено здравјето и туризмот, е формира Центар за здравствена и туристичка мрежа за да се едуцираат децата и децата со посебни физички потреби. Центарот има медицинска опрема која се користи за здравствени и туристички цели за децата од училиштата од двете страни на границата. Се спроведоа обуки и прегледи за подобрување на здравјето на младите и истовремено за поттикнување на туризмот меѓу младата популација во прекуграничниот регион. Се изгради отворен голф и фитнес терен, а се одржаа детски натпревари, што ќе станат годишна практика за соработка помеѓу партнерите. Конечно, децата и децата со посебни физички потреби учествуваа на семинари од областа на здравство и туризмот организирани од страна на партнерите на проектот.

 

Проектот заврши успешно на 15.11.2020 год.

Партнери

Водечки партнер
Фондација профилактика за здравје Благоевград
Благоевград
Партнер на проектот 2
Центар за развој на Третиот-Североисточен плански регион
Североисточен регион