Онлајн маркетинг - можност за зголемување на конкурентноста

Код на проектот:CB006.2.31.095
Покана:CB006.2
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:119965.28 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.10.2020
Поле на интервенција:066 Напредни услуги за поддршка на МСП и групи на МСП (вклучувајќи услуги за управување, маркетинг и проектирање)
Резиме на проектот:

Главната цел на проектот е да ја подобри конкурентноста на регионалниот бизнис преку развивање на информатичката технологија (ИТ), е-маркетингот и е-трговијата.
Проектните активности главно вклучуваа: Чекори за градење на капацитет - селекција на учесници и спроведување на образовни модули за маркетинг и успешен маркетинг на интернет, спроведување на тридневна практична работилница "Онлајн зделки - нова можност за подобрување на конкурентноста на малите претпријатија во реонот на прекуграничната соработка", развој на ИТ решение за електронска трговија и создавање на мрежа, сериски обуки за работа со онлајн платформа за е-трговија и е-трговија во Ќустендил и Куманово, претставување на изградената онлајн - платформа за електронска трговија на два регионални бизнис форума или саеми и рекламно-информативна кампања.
Резултатите на проектот - создадена платформа за е-трговија на три јазици во областа на занаетчиско, земјоделско производство и микропретпријатија,  одржана серија на обуки и тренинг модули и спроведена рекламно-информативна кампања се наменети за претставниците на целните групи, односно: потенцијалните купувачи, интернет корисници, млади луѓе кои се заинтересирани за претприемништво, малите претпријатија, занаетчии и земјоделци, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби и лицата од малцинските групи.

 

Проектот заврши успешно на 12.10.2020 год.

 

Платформа за е-трговија преку интернет:

https://crafts-bulgaria.com/

 

Партнери

Водечки партнер
Регионален Центар за Евроинтеграции - Ќустендил, Ќустендил
Ќустендил
Партнер на проектот 2
Центар за одржлив развој ЕЛИПСА - Куманово, Североисточен регион
Североисточен регион