Почеток>Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија (EnerGain)
Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија (EnerGain)
Код на проектот:
CB006.1.11.023
Покана:
CB006.1
Приоритет:
1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:
Soft
Времетраење на проектот (во месеци):
15
Вредност на договорот:
112540.94 €
Кофинансирање од ЕУ:
85.00 %
Датум на започнување на проектот:
17.10.2016
Датум на завршување на проектот:
16.01.2018
Поле на интервенција:
085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:
Проектот има за цел да го поддржи формирањето на интегриран пристап во прегуграничната област во делот на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори и воведување на решенија за енергетска ефикасност. Реализацијата на проектот ќе ги стимулира локалните бизниси и ќе придонесе за оптимизација на вкупната потрошувачка на енергија и трошоците. Една од основните цели е да се подобри свеста и зголеми интересот на целната група и чинители од прекуграничниот регион за децентрализирани енергетски решенија и искористување на потенцијалот од обновливите извори на енергија и нивните главни бенефиции: еколошки; економски (намалени трошоци и енергетска независност); ефикасност (квалитет на електрична енергија и издржливост); зачувување на ресурсите (со користењето на ОИЕ); сигурност и безбедност. Во таа насока, проектот го промовира концептот, главните технологии и придобивките за индивидуални станбени објекти, деловни и јавни објекти. Проектот ќе се реализира преку работната програма која помеѓу останатото предвидува и информирање и подигнување на свеста преку кампањата „Соларен покрив“составена од 6 работилници за информирање и дискусија; Изработка на „Соларен водич за инвестиции“ наменет за три типови на корисници - приватни домаќинства, МСП и јавни установи; изработка на Веб портал “EnerGAIN” - едукативен веб сајт со совети и едукативни филмови за подобрување на онлајн ресурсите кој ќе им обезбеди на потенцијалните корисници информации и соодветни совети за современи решенија за енергетски ефикасен и еколошки дом, бизнис или друга јавна установа; Заеднички специјализирани обуки за ОИЕ за техничари и инженери – градење на капацитети, размена на искуство и знаење во делот на програма за професионалци и експерти во областа на ОИЕ и ЕЕ; како и Е-учење преку програма за обука “EnerGAIN“. Сето ова, придонесува за подобрување на капацитетот за заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси.