Shift -> кон онлајн и офлајн заедница за претприемништво

Код на проектот:CB006.1.31.190
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:91297.89 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:104 Самовработување, претприемништво и отворање на фирми, вклучувајќи микро, мали и средни претпријатија
Резиме на проектот:

Проектот е фокусиран на потребата во прекуграничниот регион за развој на вештини за вработување и самостојно одговорен однос кон вработувањето. Основната идеја е да се понуди место не само за учење, но еден простор кој ќе служи како заедница за споделување, вежбање и размена на идеи.
Проектот ќе се реализира преку различни активности, меѓу кои се создавање на онлајн платформа за учење и размена на позитивни практики од Бугарија и Македонија, семинари, студиски престој во регионот, како и караван како завршна активност во која сите резултати, офлајн и онлајн активности на лице-место ќе бидат организирани за локалните заедници во 6 општини во Бугарија и Македонија. На овој начин,  можноста за професионален развој ќе биде достапна дури и за најзагрозените групи.
Очекуваните резултатите од овој проект се: голем број на учесници кои ќе присуствуваат на семинарите во прекуграничниот регион, голем број на успешни претприемачи кои ќе добијат простор да ги споделат своите знаења и употреба на платформа за градење на капацитетите на нивните вработени, неколку создадени мрежи за идна соработка во прекуграничниот регион и иницијатива за заеднички старт-ап и самовработување.

 

Веб-страница на проектот:

http://cid.mk/shift-towards-online-and-offline-entrepreneurship-community/

 

Facebook страница:

https://www.facebook.com/shift.learning/

 

Партнери

Водечки партнер
Здружение Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД)
Североисточен регион
Партнер на проектот 2
Здружение Без Граници 21 Век
Ќустендил