Споделена претприемачка средина за креативна младина

Код на проектот:CB006.1.31.097
Покана:CB006.1
Приоритет:3.1. Подобрување на конкурентоста на регионалните бизниси
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:74313.05 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:067 бизнис развој на МСП, поддршка на претприемништвото и инкубаторите (вклучувајќи поддршка на нивното одвојување)
Резиме на проектот:

Проектот е базиран на подобрување на капацитетите на младите во прекуграничниот регион и можностите за самовработување во креативната индустрија. Проектот е наменет за развој на заедничка методологија за ангажирање и изградба на капацитетите на младите; ангажирање на работодавачи со советничка и менторска функција; поттикнување на претприемништвото преку настани; создавање 2 заеднички работни простора за креативна индустрија во Радовиш и Гоце Делчев. Целта на проектот е исто така и создавање на  инкубатори на проектот за обезбедување на бесплатен работен простор за фотографи, архитекти, дизајнери и други претставници на уметничкото и културното работење, како и за бизнис обуки и консултации. Проектот опфаќа: развивање на вештини и знаења на младите луѓе - учесниците во проектот за подобри можности за економска независност; поддршка и мотивирање на младите луѓе да започнат сопствен бизнис во секторот на креативната индустрија и создадавање на нови можности за работа во прекуграничната област; како и размена на најдобрите практики.

Партнери

Водечки партнер
Фондацијата за културна и интелектуален развој "Оптимист"
Благоевград
Партнер на проектот 2
Здружението "Инвентивност" - Радовиш
Jугоисточен регион