Заедничка интегрирана политика за ниско јаглеродна економија во прегуграничниот регион

Код на проектот:CB006.1.11.165
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:105667.84 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Целта на проектот е да придонесе за заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во пограничниот регион, преку практична имплементација на мерки и акции кои водат кон намалување на јаглеродните емисии и промовирање на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и зелени тхенологии. 
Клучна акција во проектот е подготовка на Заеднички документ за ниско јаглеродна прекугранична политика и воспоставување на заедничка прекугранична мрежа за мониторинг на реализацијата, со активна вклученост на претставници од општините, бизнис секторот, јавните институции и релевантните НВОи од 9  погранични општини.  Како почетна точка во однос на информациите за јаглеродна емисија, ќе се направи анализа на состојбата и ќе се спроведе мониторинг на загадувањето на воздухот во однос на PM10 (честички), азотни оксиди, сулфур диоксид и јаглероден моноксид. Дополнително, ќе се развие заеднички систем за координација, размена на информации и искуства меѓу претстваници од вклучените општини и во двата проектни региони ќе се реализираат работилници и студиски патувања. Ќе се спроведе исто така и информативна кампања за Климатските промени и важноста од намалување на јаглеродниот отпечаток, со цел да се подигне јавната свест во однос на ова прашање и да се поттикнат јавни дискусии.
Влијанито на проектот е насочено кон заедничка заштита и мониторинг на природните ресурси, како и креирање на предуслови за одржли развој на прекуграничниот регион. Заедничките анализи за јаглеродни емисии ќе дадат показатели за реалните емисии на CO2 но исто така ќе дадат идеи за можностите и потребата од намалување на јаглеродната емисија. Заедничката политика за ниско јаглеродна емисија ќе придонесе за одржлив прекуграничен развој. Реализицијата на проектот исто така ќе придонесе и за воспоставување на директни контакти меѓу локалните засегнати страни од двата погранични региони, размена на искуства, добри практики и идеи за партнерства. 

 

Веб-страница на проектот:

www.lowcarbeconomy.eu

Партнери

Водечки партнер
Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија
Источен регион
Партнер на проектот 2
Кластер Обновливи извори на енергија
Благоевград