Заеднички инвестиции во енергетска ефикасност

Код на проектот:CB006.1.11.103
Покана:CB006.1
Приоритет:1.1. Заштита на животната средина и одржливо искористување на заедничките природни ресурси во регионот на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):18
Вредност на договорот:366811.00 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:24.10.2016
Датум на завршување на проектот:23.04.2018
Поле на интервенција:085 Заштита и подобрување на биолошката разновидност, заштита на природата и зелена инфраструктура
Резиме на проектот:

Проектот е насочен кон намалување на потрошувачката на енергија во општинските згради и на тој начин ќе влијае на развојот на активности за заштита на животната средина што од своја страна ќе има позитивно влијание врз подобрување на квалитетот на животот на луѓето од двете страни на границата во прекуграничниот регион.
Општата цел на проектот е заштита на  животната средина преку намалување на потрошувачката на енергија во општинските згради во Рила и Пробиштип.
Предвидените главните резултати се: зголемување на капацитетот на општинските тимови во областа на локалното планирање за одржлива енергија; рехабилитирани општински згради во Рила и Пробиштип; Подобрена состојба на јавните објекти и подобрена енергетската ефикасност; намалување на трошоците во буџетите на општината преку заштеда на енергија; продолжена употребна вредност на јавната инфраструктура; Поголема удобност на јавните згради; намалување на емисиите на јаглерод диоксид од јавните објекти; обезбеден пристап на лицата со посебни потреби на објектите;  Спроведени активности за заштита на животната средина во прекуграничната област; Спроведен семинар за енергетска ефикасност во Рила; Зајакнување на односите помеѓу општина Рила и општина Пробиштип и соработката на експертско ниво; подигање на свеста за нови методи за намалување на потрошувачката на енергија; анализа на новите технологии и пристапи со кои може да се подобри ефикасноста; и испитување на нови регулаторни структури за поддршка на нови пристапи за енергетска ефикасност.

 

Партнери

Водечки партнер
Општина Рила
Ќустендил
Партнер на проектот 2
Општина Пробиштип
Источен регион