Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот

Код на проектот:CB006.2.12.132
Покана:CB006.2
Приоритет:1.2. Спречување на ризикот и ублажување на последиците од природните и предизвиканите од човекот опасности и непогоди во географскиот регион на ПГС
Вид на проектот:Investment
Времетраење на проектот (во месеци):18
Вредност на договорот:399904.70 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:13.07.2019
Датум на завршување на проектот:12.01.2021
Поле на интервенција:087 Мерки за адаптација кон климатските промени и управување со ризици кои се поврзани со климата, на пример ерозија, пожари, поплави, бури и суши, вклучително зголемување на информираноста, граѓанска заштита и системи за управување на непогоди и инфраструктура.
Резиме на проектот:

Во рамките на овој проект беше испорачана специјализирана опрема - модуларен систем за реакција при кризни ситуации со модул "Поплава" и модул "Шумски пожари" за двата партнери на проектот. Оваа опрема помогна за адаптација и ублажување на последиците од климатските промени и заштита на локалното население на општина Петрич и општина Струмица од поплави и пожари. Опремата е адекватно средство за борба со катастрофи за волонтерските формации на двете општини - 21 од Петрич и 10 од Струмица. Двете волонтерски формации беа обучени во рамките на проектот како да ја користат новата опрема и учествуваа во размена на искуства и добри практики во областа на превенција на ризикот и заштита на локалното население во кризни ситуации, со цел зголемување на нивниот капацитет во соодветната област. Со развојот на учебна книга, дел од активностите на проектот и нејзината презентација меѓу учениците во училиштата, се подигна свеста кај младите за климатските промени и нивните последиците како и за можностите за нивната реакција во кризни ситуации.
Со спроведувањето на овој проект, општинските администрации на Петрич и Струмица го зголемија капацитетот за управување и спроведување на проекти финансирани од ЕУ, за спречување и ублажување на последиците од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот, за обезбедување на безбеден живот за населението во двете општини.

 

Партнери

Водечки партнер
Општина Петрич, Благоевград
Благоевград
Партнер на проектот 2
Општина Струмица, Југоисточен регион
Jугоисточен регион