Зголемување на конкурентноста на регионалниот туризам преку поддршка на развојот на руралниот и културниот туризам во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија (РУРАЛНА ПРЕРОДБА)

Код на проектот:CB006.1.22.020
Покана:CB006.1
Приоритет:2.2. Подобрување на конкурентноста на туристичката понуда на регионот за ПГС
Вид на проектот:Soft
Времетраење на проектот (во месеци):15
Вредност на договорот:116373.30 €
Кофинансирање од ЕУ:85.00 %
Датум на започнување на проектот:17.10.2016
Датум на завршување на проектот:16.01.2018
Поле на интервенција:094 Заштита, развој и промоција на јавни вредности од културата и историското наследство
Резиме на проектот:

Активности по проектот
Имплементацијата на проектот имаше позитивно влијание врз развојот на туристичкиот производ на прекуграничниот регион. Развиени се нови алатки и активности за промоција на уникатното културно наследство во регионот преку создавање на каталог со автентични населби и традиции. Информациите беа собрани и сумирани како огромна е-библиотека и печатен каталог со населени места. Проектот имаше за цел алтернативно претставување на уникатното наследство преку организирање на фото-натпревар и патувачка изложба. Преку веб-базиран софтвер за даватели на туристички услуги, креиран е иновативен инструмент за подобрување на нивната конкурентност и вкупните перформанси.

Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности:

- Фото конкурс и патувачка изложба „Запустените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“;
- Дигитална база на податоци и библиотека за населени места од прекуграничниот регион БГ и МК со зачувана автентична архитектура, традиции, начин на живот, прослави, обичаи и сл.);
- Маркетинг стратегија за развој на рурален туризам во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија;
- Веб-портал „Е-ТУРИЗАМ“ - Редизајн, оптимизација, адаптација, ажурирање и одржување;
- Изработка и монтажа на кратки филмови за уникатното културно и историско наследство на прекуграничниот регион (Сандански и Струмица);
- Развој на веб-базирана софтверска услуга за самооценување на давателите на туристички услуги и тур-оператори;
- Луксузен каталог „Запустените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“;
- Развој на специфични заеднички туристички тематски производи;
- Форум за дискусија во Македонија и Завршен прекуграничен форум

Резултати од проектот
Имплементацијата на проектот го потпомогнa подобрувањето на конкурентноста на туристичкиот производ од регионот и со тоа придонесе кон специфичната цел - Подигање на конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регионот. Проектот создаде инструменти и содржина (е-библиотека, ажуриран веб-портал, каталог) за промовирање на богатото нематеријално културно наследство со цел понатаму да се искористи за развој на туризмот во регионот. Изработена е стратегија за маркетинг за развој на рурален туризам во регионот на Бугарија и Македонија. Веб-порталот „Е-ТУРИЗАМ“ беше преработен и редизајниран, вклучувајќи и продукција на нова содржина (http://e-tourism-bg-mk.eu/); изготвено е ново Интернет решение - ГИС-мапа на населбите од регионот; беа произведени два кратки филмови за уникатно културно и историско наследство на регионот; развиен е веб-базиран софтверски сервис за самооценување на давателите на туристички услуги и тур-оператори; создаден е луксузен каталог „Запуштените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“, како и 8 заеднички тематски туристички производи за рурален и алтернативен туризам - секој со карактеристично име и карактеристични одлики и вкус на уникатниото културното наследство на регионот.

 

Партнери

Водечки партнер
Центар за развој и промоција "Промо Идеа" - Струмица
Jугоисточен регион
Партнер на проектот 2
Здружение "Савремие" - Сандански
Благоевград