Почеток>Зголемување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче - одржлива заедничка иднина
Зголемување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче - одржлива заедничка иднина
Код на проектот:
CB006.1.21.164
Покана:
CB006.1
Приоритет:
2.1. Зголемување на туристичкиот потенцијал во регионот преку подобра заштита и одржливо користење на природното и културното наследство
Вид на проектот:
Investment
Времетраење на проектот (во месеци):
18
Вредност на договорот:
412105.36 €
Кофинансирање од ЕУ:
85.00 %
Датум на започнување на проектот:
17.10.2016
Датум на завршување на проектот:
16.04.2018
Поле на интервенција:
092 Заштита, развој и промоција на општествени туристички вредности
Резиме на проектот:
Активности по проектот Главната цел на проектот беше да се подобри пристапноста до природното наследство во општините Ќустендил и Конче со цел да се искористи потенцијалот на овие ресурси за развој на туризмот од двете страни на прекуграничниот регион преку следниве активности:
- изградба на транспортен и пешачки пристап до природната знаменитост „Водопад Полска Скакавица“ - реконструкција на општински рурален пат, еко патеки и места за одмор и набљудување - Општина Ќустендил и инсталација на урбана опрема, како и за туристичка населба Мантово - изградба на еко патеки и места за одмор и набудување - Општина Конче; - спроведување на тематски работилници „Соодветно однесување со клиентите“ и „Одржливо користење на природата и културата за развој на туризмот“; развивање на сеопфатна студија и презентирање на природните потенцијали за развој на туризмот во општина Ќустендил; - презентација на културните и природните туристички потенцијали на општина Конче; - презентација на локалната традиција од страна на локалните уметници од двете општини - музички настапи и изложби; - организација на форуми на тема „Партнерство за развој на туризмот“ во двете општини.
Резултати од проектот Реконструирани и обновени локалитети од природно, културно и историско значење за туристички цели (Водопад Скакавица и Сончево езеро - Населба Мантово), вклучувајќи и надградени туристички објекти и атракции со времени објекти и урбана опрема; изграден нов пристап - локален пат и санација на општинска парцела и рехабилитација на општински рурален пат; спроведени тематски работилници „Соодветно однесување со клиентите“ и „Одржливо користење на природата и културата за развој на туризмот“; развиена сеопфатна студија за потенцијалите за развој на туризмот во општина Ќустендил; презентирани културни и природни туристички потенцијали на Општина Конче, како и на локалната традиција од страна на локалните уметници од двете општини преку музички перформанси и изложби; организирани форуми на тема „Партнерство во развојот на туризмот“ во двете општини; развиена веб-страница на проектот: www.kyustendil-konche-nature.eu.