Отпочнување на консултации за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година

20.01.2022

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во својство на Национален орган (НО) на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година, започна јавни консултации во врска со Извештајот за стратегиска оцена на животната средина (ИСОЖС), задолжени според чл. 61, 69 и 70 од Законот за животна средина и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Република Македонија“ 147/08  и 45/11),

              Со цел информирање на пошироката јавност, МЛС, јавно ги објавува следните   документи:

1. Извештај за оцена на животната средина за проекти во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 – последна нацрт верзија (на македонски јазик)

2. Нетехничко резиме на Извештајот за оцена на животната средина за проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка 2021-2027, кофинансиран од Инструментот за предпристапна помош меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и Територијалната стратегија за интегрирани мерки – последна нацрт верзија (на македонски и албански јазик)

3. Интегрирана Територијална стратегија – последна нацрт верзија (на македонски јазик)

4. ИНТЕРРЕГ ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 – прва нацрт верзија

 

Целосниот текст на огласот за отпочнување на јавните консултации, Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, пропратните документи и неговите анекси, за проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021-2027 година, кофинансирана од Инструментот за предпристапна помош (ИПА) како и Територијалната стратегија за интегрирани мерки во рамките на Програмата, може да се најде во прилозите наведени подолу.

Документите, исто така, се достапни и во печатена форма, а може да се добијат на увид за потребите на јавноста во просториите на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија во Скопје, на адреса Бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.

 

Крајниот рок за доставување на мислењата и ставовите на јавноста, на лице место и по писмен пат, најдоцна до 20 февруари, 2022 година, може да се достават:

1. Лично - преку писарницата на МЛС,
2. Преку пошта - на адреса: Бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје и/или
3. Електронски – на е-пошта: Consultations_EAR22@hotmail.com

 

Прилози:

01. Соопштение за јавноста – објава на јавна расправа;
02. Нацрт Програма 2021 - 2027;
03. Нацрт Интегрирана Територијална стратегија;
04. Нацрт Извештај за оцена на животната средина;
05. Нацрт Нетехничко резиме на Извештајот за оцена на животната средина;
06. Анекси.

 

Facebook icon
Twitter icon