Успешно заврши Информативната кампања со Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери за потенцијални апликанти на Отворениот повик за инвестициски проекти по Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“

12.07.2023

Успешно заврши Информативната кампања со Информативни денови и Форум за пронаоѓање на партнери за потенцијални апликанти на Отворениот повик за инвестициски проекти по Приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ (реф. бр. 2021TC16IPCB006 – 2023-3).

Целта на обуките беше да им се објаснат на потенцијалните апликанти основните барања за изработка на предлог проекти и да им се дадат практични совети за подготовка на сите документи за аплицирање.

Информативните денови и Форумот за пронаоѓање на партнери за потенцијалните апликанти беа спроведени:

на 04 јули 2023 година во Сандански;

на 11 јули 2023 година во Кочани.

Обуките беа организирани и спроведени од Заедничкиот секретаријат на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија, со поддршка на Управниот орган на Програмата - Дирекција „Управување со територијална соработка“, Министерство за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

Повеќе од 110 учесници, вклучително и претставници од регионалните администрации, планските региони, општини, невладини организации, образовни институции присуствуваа на Информативните денови и Форумот за пронаоѓање на партнери.

 

Презентациите од Инфо Денот во Сандански се достапни ТУКА

Презентациите од Инфо Денот во Кочани се достапни ТУКА

Презентациите од Форумот за за пронаоѓање на партнери во Кочани се достапни ТУКА

 

 

Facebook icon
Twitter icon