Форумот за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози заврши успешно

14.03.2018

На 14.03.2018 година, во Делчево се одржа Форумот за пронаоѓање на партнери во рамки на вториот повик за предлог проекти од Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија. Настанот беше организиран од Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот Орган и Националниот орган по Програмата.

Во форумот учествуваа повеќе од 140 претставници на регионални и локални администрации, невладини организации, образовни и културни институции, природни паркови и др. од прекуграничниот регион на Програмата.

Целта на форумот беше да ги запознаат учесниците со принципите на партнерство и барањата за работа во тим при подготовката на проекти по Програмата, како и да придонесе за воспоставување на контакти меѓу потенцијални партнери од Бугарија и Македонија, кои би сакале да аплицираат со заеднички проекти по Втората покана.

Facebook icon
Twitter icon