Јавни дискусија за нацрт Пакетот на упатствата за апликантите во рамки на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“
Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) заедно со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија (Национален орган) на Програмата Interreg (VI-A) ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021 - 2027 година го објавува за јавна дискусија Пакетот на упатства за апликанти во рамките на Приоритет 1 „Позелен граничен регион“ во рамките на Целта на политиката 2 „Позелена, ниско-јаглеродна и одржлива Европа со транзициска економија со нето нула јаглерод преку промовирање чиста и правична енергетска транзиција, зелени и сини инвестиции, кружна економија, ублажување и адаптација на климатските промени, превенција на ризик и одржлива урбана мобилност“.
Целта на повикот е да се идентификуваат предлозите на проекти кои ќе придонесат за развој на „зелена“ инфраструктура (ГИ) во градските и приградските реони, чии широки ефекти позитивно влијаат врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат можности за работа и подобрување на биолошката разновидност.
Засегнатите страни можат да ги достават своите коментари, поддржани со конкретни предлози за ревизија на текстовите на документите, најдоцна до 19 мај 2023 година на: jtsipakyustendil@gmail.com
Пакетот на упатства за апликантите е достапен ТУКА