Обука “Имплементација на проекти” за бенефициентите од првиот повик

26.10.2016

Заедничкиот секретаријат на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија, во соработка со Генералниот директорат "Управување на територијалната соработка" на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган) и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија (Национален орган), организира обука на македонски јазик за бенефициентите, чии проекти се финансираат по првиот повик за проект предлози.

Обуката ќе биде фокусирана на техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.

Обуката ќе се одржи на 3ти ноември 2016 во 10:00 часот во Хотел Сириус – Струмица.

 

Програмата на обуката може да ја најдете ТУКА

Презентациите од обуката може да ги најдете ТУКА

Facebook icon
Twitter icon