Ревизирано упатство за аплицирање

05.03.2019

Во врска со измената на чл. 68a од Регулативата (ЕУ) № 1303/2013 на Европскиот парламент и на Советот и измените делегирани во Регулатива (ЕУ) № 481/2014 на Комисијата во врска со третманот на трошоците за персонал за финансираните проекти, беше извршена промена во соодветните текстови на Насоките за аплицирање за вториот Повик за проектни предлози. Промените на применливите барања важат кога персоналот на проектот ќе биде вработен со скратено работно време. Според измените на европското законодавство, во овие случаи трошоците за вработените треба да се планираат врз основа на "реални трошоци", наместо како "рамна стапка".

Промените се наоѓаат на страниците 28-30 од Упатството и се објавени ТУКА

Комплетното ревизирано упатство за аплицирање може да го најдете ТУКА.

Facebook icon
Twitter icon