Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот орган и Националниот орган, организира обука на македонски јазик за бенефициентите, чии проекти се финансираат по вториот повик за предлог проекти.
Обуката ќе биде фокусирана на техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.