Обука за македонските членови на екипите за управување на проектите финансирани по вториот повик

12.07.2019

Заедничкиот секретаријат во соработка со Управувачкиот орган и Националниот орган, организира обука на македонски јазик за бенефициентите, чии проекти се финансираат по вториот повик за предлог проекти.

Обуката ќе биде фокусирана на техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.

Обуката ќе се одржи на 18ти јули 2019 во 10:00 часот во Мултимедијалниот центар "Киро Глигоров" - Штип.

 

Програмата на обуката може да ја најдете ТУКА

Претходната регистрација е задолжителна и може да ја направите ТУКА

Facebook icon
Twitter icon