Онлајн обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите
На 16 јули 2020 година преку платформата Zoom се одржа обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти од списокот со резерви. Во присуство на 11 членови на тимовите за управување со проекти, претставниците на Заедничкиот секретаријат и Управувачкиот орган ги претставија темите: техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, процедури за договарање, информација и визуелизација, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, нерегуларности како и други поврзани прашања.
Во текот на обуката, членовите на екипите за управување на проектите имаа можност да поставуваат прашања во врска со спроведувањето на проектите.
Презентациите од обуката може да ги превземете од ТУКА