Онлајн обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите
На 6 и 7 октомври 2022 година преку платформата Zoom се одржа обука за бугарските членови на екипите за управување на проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти од списокот со резерви. Во присуство на членовите на тимовите за управување со проектите финансирани со вториот повик за предлог проекти од списокот со резерви, претставниците на Заедничкиот секретаријат и Управувачкиот орган ги претставија темите: техничка и финансиска имплементација на проектите, набљудување, завршување и последователни проверки, правила за информација и визуелизација, процедури за договарање, верификација на трошоците од контролор, електронски систем за размена на документи и информации, нерегуларности како и други поврзани прашања.
Во текот на обуката, членовите на екипите за управување на проектите имаа можност да поставуваат прашања во врска со спроведувањето на проектите.
Презентациите од обуката може да ги превземете од ТУКА