Обуката „Имплементација на проекти“ за македонските бенефициенти по првиот повик беше одржана во Струмица

06.11.2016

На 3-ти ноември 2016 година во Хотел Сириус во Струмица се одржа обуката за македонските бенефициенти, чиишто проекти се финансираат по првиот повик за проектни предлози.

Обуката беше водена од претставниците на Управувачкиот орган, Националниот орган и експертите од Заедничкиот секретаријат и беше фокусирана врз техничката и финансиската имплементација на проектите, набљудувањето, завршувањето и последователните проверки, процедурите за договарање, верификацијата на трошоците од контролор, електронскиот систем за размена на документи и информации, како и други поврзани прашања.

 

Програмата на обуката може да ја најдете ТУКА

Презентациите од обуката може да ги најдете ТУКА

Facebook icon
Twitter icon