Поднесени се 24 проектни идеи за развој на туризмот во прекуграничниот регион Бугарија - Северна Македонија
Вкупно 24 проектни концепти се пријавени на првиот повик од Територијалната стратегија на Програмата Бугарија-Северна Македонија 2021-2027 година. Повикот беше фокусиран на проектни идеи во областа на развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со користење на паметни решенија. По добивањето на зелено светло од Стратешкиот одбор, сите одобрени кандидати ќе бидат поканети да ги поднесат целосните предлог проекти.