Седмата седница на Заеднички комитет за следење на програмата се одржа за прв пат онлајн
Седмата седница на Заеднички комитет за следење на програмата се одржа на 16.10.2020 за прв пат преку платформа за онлајн конференции. Членовите на комитетот и гостите беа запознаени со измените во Програмата, ревидираните документи во врска со техничката помош, напредокот на спроведувањето за периодот 2014-2020 година, како и напредокот во програмирањето на следниот програмски период 2021-2027 година. На крајот од сесијата беше прикажан филмот со презентација на нашата програма реализиран и емитуван за време на прославата на Европскиот ден на соработка и 30 години Интеррег.
Филмот со презентација на нашата програма можете да го погледнете ТУКА