Европската Комисија ја одобри новата Интеррег - ИПА Прекугранична програма CCI2014TC16I5CB006
Новата Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија е донесена на 5-ти август 2015 година од страна на Европската Комисијата со одлука № C (2015) 5653 и се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво. Главниот фокус на програмата, исто така, е ставен врз заштитата на природното и културното наследство во регионот. Покрај тоа, финансирањето ќе помогне во зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и во олеснување на нивниот пристап до нови пазари.
Корина Крету, комесарот за регионална политика, рече: "Јас сум многу задоволен што се донесе оваа програма за соработка помеѓу Бугарија и поранешна југословенска Република Македонија. Прекуграничната програма зависи од силната волја на засегнатите страни да ги здружат своите ресурси заедно за справување со заедничките предизвици. Преку соработка во животната средина, туризам и конкурентноста на млаите и средни претпријатија, регионот може да ја зголеми својата атрактивност за туристи и инвеститори. Им посакувам на двете земји успех во реализирањето на оваа соработка и им давам поддршка на проектите кои ќе бидат реализирани со заеднички сили. "
Интеррег-ИПА прекуграничната програма опфаќа 2 пограничните региони во Бугарија и 3 региони од Република Македонија. Таа е со вредност од повеќе од 19 милиони € со учество од речиси 17 милиони € од Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
Некои од очекуваните резултати се::
- Подобрен капацитет за заштита на животната средина и одржливо користење на заеднички природните ресурси, на пример, со инвестирање во зелена инфраструктура, како и во обука и градење на капацитети за јавните институции;
- Подобрување на капацитетот за заедничка реакција во случај на пожари, поплави и други итни ситуации преку враќање на речните брегови, зонско и регионално / локално планирање прилагодено на речните сливови и со спроведување на сеопфатни иницијативи за заштита од пожар;
- Зголемување на атрактивноста на туризмот преку обновување на објекти од културно наследство и одржување на традиционални предели;
- Зајакната соработка и вмрежување за одржлив развој на туризмот;
- Подобрување на условите за развој на бизнисот: конкурентна локална економија базирана на основа на регионални средства и со силни врски со меѓународните пазари преку зајакнување на капацитетите на образовниот систем ориентиран кон потребите на пазарот;
- Зголемување на капацитетот на јавниот и приватниот сектор за развој на бизнисот преку промоција на претприемништвото и соработката за размена на нови идеи, вештини и технологии како и поттикнување на создавање на нови фирми.
Контекст:
5-то NUTS III или еквивалентни области кои се вклучени во Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија се:
- Во Бугарија: областите Благоевград и Ќустендил.
- Во Македонија: Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.
Програмата ќе се фокусира на следните три приоритети:
- Животната средина;
- Одржлив туризам;
- Конкурентност.
Вкупниот буџет на програмата за соработка: € 19 461 690
Вкупното учество на Европската Унија (ИПА - Инструмент за претпристапна помош): € 16 542 434.
Програмата е управувана од страна на Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.
Контакт: ул. Св. Кирил и Metоди бр. 17-19, Софија 1202, Бугарија –http://www.mrrb.government.bg
Програмата може да ја најдете ТУКА