Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози
Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 14 март 2018 (среда), во Ресторан "Либеро" во Делчево, Република Македонија, со почеток од 11:00 часот по македонско време (CET).
Настанот дава можност на организации кои сакаат да поднесат предлог проект по вториот повик на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со партнери од другата држава, со цел остварување на идни партнерства и заеднички активности.
Настанот ќе ги претстави главните принципи на партнерство и предусловите за успешна и плодна соработка. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите проектни идеи и да добијат дополнителни насоки за тоа како да ги подобрат.
Поради ограниченост на местата, регистрацијата е задолжителна. Сите заинтересирани страни можат да се регистрираат до 13 март 2018 година преку следниот ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА.
Вашата регистрација ќе биде потврдена врз основа на принципот "прва пристигната – прва потврдена". Ако максималниот капацитет е достигнат пред крајниот рок, регистрацијата ќе се прекине.
Прелиминарната Програма за настанот може да се најде ТУКА
ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА
Го очекуваме вашето присуство!