Форум за пронаоѓање на партнери во рамките на вториот повик за проектни предлози

08.03.2018

Заедничкиот секретаријат на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија 2014-2020 со задоволство ги поканува сите заинтересирани организации и поединци да земат учество во Форумот за пронаоѓање на партнери, кој ќе се одржи на 14 март 2018 (среда), во Ресторан "Либеро" во  Делчево, Република Македонија, со почеток од  11:00 часот по македонско време (CET).

Настанот дава можност на организации кои сакаат да поднесат предлог проект по вториот повик на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020, но немаат создадени партнерски односи, да воспостават контакти со партнери од другата држава, со цел остварување на идни партнерства и заеднички активности.

Настанот ќе ги претстави главните принципи на партнерство и предусловите за успешна и плодна соработка. Покрај тоа, учесниците ќе имаат можност да ги претстават своите проектни идеи и да добијат дополнителни насоки за тоа како да ги подобрат.

 

Поради ограниченост на местата, регистрацијата е задолжителна. Сите заинтересирани страни можат да се регистрираат до 13 март 2018 година преку следниот ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА.

Вашата регистрација ќе биде потврдена врз основа на принципот "прва пристигната – прва потврдена". Ако максималниот капацитет е достигнат пред крајниот рок, регистрацијата ќе се прекине.

 

Прелиминарната Програма за настанот може да се најде ТУКА

ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА

 

Го очекуваме вашето присуство!

Facebook icon
Twitter icon