Ден на европската соработка 2018

10.09.2018
Event date: 
21.09.2018 10:00 to 16:00

Седма година по ред во месец септември во цела Европа ќе биде одбележан Денот на европската соработка со организирање на стотици локални настани. Целта на кампањата, координирана од Европската комисија во соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент, е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавност.

Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија (Управувачки орган на Interreg - ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија - Македонија) и општина Грмен ќе го одбележат Денот на европската соработка со фолклорен фестивал "Заедничките граници не прават поблиски" на 21 септември 2018 година од 10:00 часот во селото Рибново, општина Грмен, Република Бугарија.

Идејата за овогодинешното одбележување е да биде претставен фолклорот и културното наследство на двете земји преку музика, танц и изведување на специфични обичаи и традиции. Фестивалот ќе и овозможи на јавноста да се запознае со бугарскиот и македонскиот фолклор. Во рамките на фестивалот ќе биде отворено обновеното читалиште "Изгрев" во село Рибново по проект CB006.1.21.001 - "Развој на туризмот во прекуграничниот регион Босилово - Грмен со одржување на локалните културни традиции" и изложбата на музички инструменти и народни носии.
 

Facebook icon
Twitter icon