Медии

Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши - пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.

16.09.2023

Поднесувањето на предлог проектите во рамките на Отворениот повик за инвестициски проекти во рамките на Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ заврши на 15 септември 2023 год. во 23:59 ч. по бугарско време  (EET - Eastern European Time).

Преку системот за е-апликација JeMS пристигнаа вкупно 9 предлог проекти.

Се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027

08.12.2022

На 6-ти декември 2022 година, во Струмица  се одржа 1-вата седница на Комитетот за следење во рамките на Програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија - Северна Македонија 2021-2027. Со состанокот  претседаваше г-дин Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа на Република Северна Македонија и копретседаваше  г-ѓа Десислава Георгиева, заменик министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Ден на европска соработка 2022 - Отворен ден во Ќустендил

21.09.2022

21-ви септември е Ден на европската соработка и секоја година повеќе од 100 програми на Interreg организираат локални настани поврзани со овој датум. Покрај тоа, 2022 година е и Европска година на младите, па така, во 2022 година прославите имаат заедничка тема: „Младите за соработка“.

По тој повод, Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија организираше „Отворен ден“ во канцеларијата на Заедничкиот секретаријат во Ќустендил.

Квиз - Ден на европската соработка 2022

12.09.2022

Во пресрет на Денот на европската соработка 2022 година, подготвивме празничен квиз!

 

За да учествувате, кликнете  Т У К А 

или на иконата подолу

ОТВОРЕН ДЕН

12.09.2022

21 септември е Ден на европската соработка и секоја година повеќе од 100 програми на Интеррег организираат локални настани околу тој датум. Исто така, 2022 година е Европска година на младите. Така, во 2022 година прославите имаат заедничка тема: „Младите за соработка“.

 

ВАЖНО! MIS и Порталот за корисници не се достапни поради техничко одржување

05.10.2021

Почитувани корисници,

Електронскиот систем за управување (MIS) и Порталот за корисници нема да бидат привремено достапни поради техничко одржување и ажурирање на софтверот. Очекуваме активностите да завршат на 6 октомври 2021 година.

Покана за учество во јавни консултации на нацрт Територијалната стратегија за интегрирани мерки во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година

14.04.2021

Дирекцијата “Управување со територијална соработка” во својство на Управувачки орган на Програмата за прекугранична соработка INTERREG - ИПА помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за програмскиот период 2021-2027 година започнува јавни консултации во врска со нацрт Територијалната стратегија за интегрирана мерки на програмата.

Pages

Subscribe to Медии