Ден на европска соработка 2022 - Отворен ден во Ќустендил

21.09.2022

21-ви септември е Ден на европската соработка и секоја година повеќе од 100 програми на Interreg организираат локални настани поврзани со овој датум. Покрај тоа, 2022 година е и Европска година на младите, па така, во 2022 година прославите имаат заедничка тема: „Младите за соработка“.

По тој повод, Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија организираше „Отворен ден“ во канцеларијата на Заедничкиот секретаријат во Ќустендил.

Сите заинтересирани имаа можност да се запознаат со активностите на Програмата, успешните проекти во нивното опкружување, главните принципи на прекуграничната соработка и европските вредности.

Први гости на Отворениот ден беа учениците од 11-ти и 12-ти клас од јазичната гимназија „Доктор Петар Берон“ од Ќустендил. Младите се запознаа со работата на Програмата, ги видоа фотографии од фото конкурсот одржан во претходното издание на Ден на европска соработка и учествуваа во интерактивната игра-квиз, во која победниците добија награди.

Facebook icon
Twitter icon